Матс Хумелс, централниот дефанзивец на Борусија Дортмунд, кој од неодамна е соиграч со младиот норвешки голгетер Ерлинг Халанд, вели дека Халанд го потсетува на Роберт Левандовски, кој е еден од најдобрите напаѓачи во последната деценија.
„Сум играл долги години заедно со Левандовски во Борусија и во Баерн и можам да кажам дека Халанд многу ме потсетува на него. Ерлинг уште не е на нивото на Роберт, барем не засега. Левандовски колку голови има дадено во кариерата? Мислам 280? Но, Халанд ме потсетува на него. Многу е брз на прв чекор, има интелигенција, ми се допаѓа што има работна етика, а толку е млад. Многу верувам во него“, изјави Хумелс.