7.8 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

И Арсенал да им позавиди на ваков корнер, играа „Ринге ринге раја“ и дадоа гол (Видео)

Екипата на Агилас која е шпански четвртолигаш, даде гол со кој потврди дека фудбалот од пониските лиги останува неисцрпен во креативноста.

Во натпреварот помеѓу Агилас и Атлетико Малагењо (Малага Б), во четвртата Група од Сегунда РФЕФ, имаше прекин по кој падна гол и снимката стана вирална.

Сцената се одвивала на стадионот „Ел Рубиал“ за време на корнер за тимот од Мурсија. Неколку играчи на Агилас формираа круг во 16-никот, се држеа за раце и почнаа да се вртат, имитирајќи ја класичната детска игра „Ринге ринге раја“, како тактика за одвлекување на вниманието на одбранбените играчи на Малага Б.

Гостите се двоумеа дали да ги задржат своите позиции или таа конфузија придонесе да примат гол, иако првиот центаршут, насочен кон блиската статива, не успеа. Но, по одбиената топка акцијата остана жива, и дадоа гол.

Овој погодок е една од највпечатливите слики во сезоната.

- Оглас -

Најнови вести