И Атлетико официјално се повлече од Суперлигата!

Фудбалот и навивачите може да прогласат голема победа против Суперлигата откако и Атлетико Мадрид преку официјално соопштение го потврди своето повлекување од елитното натпреварување, кое речиси сигурно нема да се случи.

По вчерашните притисоци од страна на навивачите, Челзи и Манчестер сити го направија првиот голем чекор кон откажување од своето учество, по што ги следеа и останатите гиганти од англиската шестка, Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем.

Напоредно, Жоан Лапорта, претседателот на Барселона, изјави дека само навивачите одлучуваат дали Барса ќе биде дел од Суперлигата, што јасно е дека не го посакуваат тоа, а сега и Јорганџиите решија да одат по стапките на останатите гиганти.

Ањели пред малку потврди дека Суперлигата не може да продолжи со проектот по повлекувањето на англиската шестка.

- Оглас -

Најнови вести