И Баерн знае да промаши инвестиција: Им потроши 19 милиони евра за три години без да стапне на бундеслигашка трева

Баерн Минхен се ослободува од промашената инвестиција Јан Фите Арп. Во погрешно проценетиот германски талент се гледаше наследник на Роберт Левандовски, но само по три години, Арп заминува како голема „утка“.

Германскиот првак потроши вкупно 19 милиони евра за 22-годишниот напаѓач, а тој не забележа ниту една минута во бундеслигашки натпревар во последниве три години.

Трансферот на Арп од Хамбургер чинеше три милиони евра, но доби голема плата како за тинејџер. Баварците толку веруваа во Германецот, што го наградија со четири милиони евра годишна плата и уште еден милион бонус при потпис.

Значи, 12 милиони евра од плати за три години, три за трансферот и еден милион бонус, Арп уште добива и три милиони за предвременото раскинување на договорот. Вкупно 19 милиони евра вреди промашената инвестиција на гигантот од Минхен, кој забележа само 13 минути во црвениот дрес во меч од Германскиот куп.

- Оглас -

Најнови вести