И денеска да продолжиме патриотски: Огромен е коефициентот за победа на Вардар!

Ракометниот првак Вардар денеска го игра првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите, а противник е Веспрем. Унгарците се добро познат ривал против кого Црвено-црните ја имаат една од најважните победи, таа во финалето на Лигата на шампионите во 2019 година (27:24).

Триумфот во финалето на ЛШ всушност и е последен пат кога Вардар се израдувал против Веспрем. Овие два тима потоа имаат одиграно три меча и сите три завршиле со убедлив триумф на Веспрем (39:30, 38:29 и 35:27). Сепак, Вардар не еднаш покажал дека знае да направи чудо кога никој не верува во него, па и сега вреди да се одигра „кец“.

Во Супер типот на Sport Life, победа на Вардар се вреднува со коефициент 5.70. Ако се знае дека синоќа Македонија ја победи Германија во фудбал, а коефициентот за нашите фудбалери беше 22.5, јасно е дека сега вреди да се продолжи во патриотски стил и да се типува на триумф на Вардар.

Комплетната понуда од Супер типот на Sport Life може да ја најдете ТУКА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести