И Хрватите зачудени од бруката на ЕХФ, шамар за спортот кој некои го сметаат за несериозен

Одложувањето на натпреварот Алкалоид – АЕК од финалето на Европскиот куп на ЕХФ предизвика чудење во некои ракометни кругови, а се коментира и по регионалните медиуми.

Така во хрватскиот „Спортске новости“, објавен е текст во кој новинарот коментира дека викендов се случила голема срамота која ја уништува сликата за ракометот и редно е да се прекине до такви работи во 21-ви век.

„Ракометот доби уште еден шамар и уше една приказна зошто не може да се смета за сериозен“, стои во текстот.

„Што и да се причина за неизлегувањето на тимот на АЕК на терен, неважно е, таков циркус не и треба на ракометна Европа. Крајно време е да се стави крај на ваквите појави. Неодамна имавме случај во сударот на АЕК и Партизан кога сите се жалеа на регуларноста, па реваншот не се играше во Белград туку во Бугарија и вон календарот на ЕХФ. Такви работи не користат никому и крајно време е ЕХФ на драстичен начин да заврши со тие приказни. Нужно е да го заштитат спортот од кој живеат, тука нема компромис“, коментираат во Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести