Како што се доближува изборот за Златната топка, така сè повеќе се појавуваат шпекулации кој ќе ја освои. Сепак, на неколку часа пред официјалното доделување никој не може да каже со сигурност кој ќе биде освојувачот, а еден од номинираните, Ламин Јамал, си има свои фаворити, но, за жал, тие не се помеѓу кандидатите за освојување на Златната топка.
„Секој играч сака да ја освои Златната топка, а секој кој ќе каже дека не сака – лаже. Да се биде таму со 18 години е нешто на што можам да бидам горд и се надевам дека тоа и ќе се случи. Ако не ја освојам јас, би сакал да ја освојат Нејмар и Меси. Нејмар секако заслужува. Додека играше во Барселона и ПСЖ мораше да ја добие Златната топка, а Меси секако е најдобриот во историјата“, рече Јамал.