И Кевин Дурант има Коронавирус, сите играчи на Лејкерс во 14-дневна изолација!

НБА-ѕвездата Кевин Дурант е еден од четворицата играчи на Бруклин нетс кои се заразени од опасниот Коронавирус. Дурант во саботата беше тестиран, а резултатите покажаа дека е позитивен.

„Се чувствувам добро. Сите бидете претпазливи, внимавајте на себе и одете во карантин. Заедно ќе го поминеме ова“, напиша Дурант.

Освен четворицата играчи на Бруклин, од претходно заразени со опасниот вирус во НБА беа потврдени и двоецот од Јута џез Руди Гоберт и Донован Мичел, како и Крис Вуд од Детроит пистонс.

Дурант цела сезона беше неактивен бидејќи закрепнуваше од тешката повреда здобиена на крајот од минатата сезона, кога заработи пукнатина на Ахиловата тетива.

По информацијата дека четворица играчи на Бруклин се заразени од Коронавирусот, стигна информација дека сите кошаркари на Лос Анџелес лејкерс ќе одат во 14-дневна изолација.

Низ целиот свет потврдени се над 184.000 заразени од Коронавирусот, а има и над 7.500 мртви.

 

- Оглас -

Најнови вести