И лисјата кога ќе паднат ќе нема публика во Бундеслигата

Бундеслигата ќе стартува на 18-ти септември и повторно, барем на почетокот од новата сезона во Германија фудбал ќе се игра без публика.

Министерството за здравство на Германија и на сојузните држави донесе одлука да нема присуство на навивачи на трибините најмалку до октомври.

Германците први од Топ-5 лигите почнаа со рестартирање на сезоната што неодамна заврши и се надеваа дека новиот почеток ќе биде со публика на трибините.

Вкупно 36 професионални клубови имаа состанок и одлучија да го прифатат планот на Германската фудбалска федерација на почетокот на новата сезона да има ограничен број симпатизери на стадионите, но со новата одлука на Министерството за здравство нивната иницијатива пропадна, барем до десеттиот месец во годината.

Првото коло во Бундеслигата ќе се игра од 18 до 21 септември и според сегашната одлука на здравствените власти, трибините ќе бидат празни најмалку до седмото коло, што е закажано за 7 ноември.

- Оглас -

Најнови вести