Им се погоди – Борусија дерби на Вестфален на 18. септември ќе означи старт на Бундеслигата

Борусија Дортмунд и Борусија Менхенгладбах ќе го играат дербито на првото коло во новата сезона во Бундеслигата што ќе почне на 18. септември.

На „Сигнал Идуна парк“, или на култниот Вестфален ќе има вистинско дерби на имењаците во Германија, за убав почеток на новиот циклус на натпревари во германското првенство.

Деби во силната Бундеслига во терминот од 18. до 21. септември очекува и нашиот единствен фудбалер во Бундеслигата, Дарко Чурлинов.

Со соиграчите од Штутгарт ќе му бидат домаќини на Фрајбург, а иако не е точно прецизирано, тој меч веројатно ќе се игра на 21. септември.

Најголемото германско дерби што во последните години најчесто одлучува за титулата во Германија, меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен ќе се игра во шесттото коло на 6. октомври во Дортмунд.

 

Еве ги двојките за првото коло што ќе се игра од 18-21 септември:

Борусија Дортмунд – Борусија Менхенгладбах

Баерн – Шалке 04

Лајпциг – Мајнц

Волфсбург – Баер Леверкузен

Ајнтрахт – Арминија

Унион Берлин – Аугсбург

Келн – Хофенхајм

Вердер – Херта и

Штутгарт – Фрајбург

- Оглас -

Најнови вести