И Макрон му ја честиташе европската титула на Баерн, па се обиде да ги утеши Светците

Како што кажа германската канцеларка Ангела Меркел, дуелот меѓу Баерн и ПСЖ нема да влијае врз нејзиното пријателство со Емануел Макрон, а по синоќешното финале во Лигата на шампионите, претседателот на Франција му ја честиташе шестата европска титула на Баерн Минхен.

Баварците го надиграа гигантот од француската престолнина, по што Макрон се обрати преку „Твитер“:

„Честитки до Баерн Минхен за освоената шеста титула во Европа, како и за ПСЖ за исклучителниот поход. Ќе дојде моментот кога францускиот фудбал ќе се радува“.

- Оглас -

Најнови вести