Пандемијата која настана од Коронавирусот продолжува да „коси“ низ Италија. Само во изминативе 48 часа повеќе од 1.000 луѓе починаа во Италија како последица од опасниот вирус. Меѓу починатите е и 37-годишниот Андреа Мичели, поранешен претседател на италијанскиот третолигаш Перголетесе.
Мичели беше на чело на овој клуб кога Перголетесе ја освои титулата во Серија Д и се пласираше во еден ранг погоре. Челното место на клубот го напушти пред четири години, а сега на само 37 години го загуби животот од опасниот Коронавирус.
Синоќа од вирусот почина и некогашниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санс.
Cremona: addio ad Andrea Micheli, deceduto a 37 anni a causa del coronavirus https://t.co/nT2nWYc23Z
— Lucia (@ItsLucyEm) March 22, 2020