И Мојс се смее на овој Манчестер: Се надевам дека не бевме толку лоши во мое време

Манчестер јунајтед вчера беше понижен и со 4-0 загуби од Евертон. Ова е еден од најтешките порази на „црвените ѓаволи“ во последните неколку години. Што е уште полошо, за Манчестер ова беше седми пораз во последните девет меча во сите натпреварувања.

Со свое видување за тоа што се случува во најтрофејниот клуб во Англија се јави и Дејвид Мојс. Стратегот кој ја имаше честа да го замени легендарниот Сер Алекс Фергусон се смее на сметка на сегашниот тим.

„Одамна не сум видел толку лоша игра на Манчестер. Луѓето можеби ќе побараат некои лоши настапи на тимот од времето кога јас бев тренер, но морам да кажам дека се надевам дека немаме одиграно олку лошо“, вели Мојс, кој на клупата седна во јуни 2013 година, а остана на чело на екипата до април 2014 година.

Интересно е што Мојс доби отказ токму по пораз од Евертон на „Гудисон парк“, но тогаш беше 2-0 за домаќините. Шкотскиот стратег го водеше Манчестер на вкупно 51 меч и имаше биланс од 26 победи, 10 нерешени и 15 порази.

- Оглас -

Најнови вести