И на 39 години Златан е закон – Ѝ даде гол на Рома за 107 секунди (Видео)

Златан Ибрахимовиќ е златен за Милан и на 39-годишна возраст, а вечерва постигна експресен гол за 107 секунди од почетокот на мечот против Рома.

Швеѓанецот реагираше мајсторски и буквално му ја украде топката на голманот Миранте, го остави со празни раце и ја смести топката во празната мрежа.

Лидерот на табелата во Серија А брзо го отвори резултатот во дербито од петтото коло, што е добра најава за петта победа, или вкупно 26-ти меч без пораз во серија, сметајќи ги и пријателските натпревари од март наваму.

- Оглас -

Најнови вести