И на најдобрите им се случува – наместо атракција, Леброн се посрамоти (Видео)

Леброн Џејмс и самиот не знае колку пати ја забил топката во кош низ кариерата, станува збор за илјадници пати, важи за атрактивен играч, но синоќа му се случи нешто што ретко му се случува. При еден продор во последната четвртина на мечот со Орландо, кој Лејкерс го загуби со 118-119, Џејмс тргна на рутинска завршница на соло-акцијата со забивање, но топката заврши на обрачот.

Леброн не скокна доволно високо, веројатно ја потцени ситуацијата, па наместо да му донесе предност на својот тим од три поени разлика, им даде шанса на противниците да поведат во следниот напад. Погледнете го потегот кој сигурно ќе се најде во емисијата на Шекил О`Нил кој се мајтапи со грешките на НБА играчите:

- Оглас -

Најнови вести