Фудбалската репрезентација на Англија од 2007 година нема играно на „Олд Трафорд“ во Манчестер, ова е ретка прилика за фановите од овој град дома да го гледаат Гордиот Албион, затоа и не зачудува што сите билети беа продадени и трибините ќе бидат исполнети.
Иако англиската селекција најчесто како домаќин игра на „Вембли“ во Лондон, знае да „шета“ и по други градови, такви случаи беа и во минатото, кога против Македонија средбите се играа во Саутхемптон, односно Манчестер.
Вечерва пак играме на „Олд Трафорд“ во Манчестер како во 2006 година. Тогаш извлековме 0-0 и Англија не отиде на Европското првенство 2008. Овојпат тешко дека може да ја спречиме на патот кон ЕП 2024, но можеме барем да ѝ ја прекинеме серијата победи.