И Нејмар има корона-вирус!

Францускиот првак Пари Сен Жермен потврди дека Нејмар е еден од неколкуте заразени фудбалери со корона-вирус. Фудбалерите добиле неколку слободни денови по завршувањето на финалето во Лигата на шампионите, па по враќањето, морале да направат тест за корона-вирус.

Најпрво беше потврдено дека Ди Марија и Паредес се позитивни, а неодамна стигна и позитивниот тест на Нејмар. Бразилецот како и останатите позитивни веднаш заминува во изолација, каде што ќе се чекаат неколку дена за повторно тестирање и по два негативни теста ќе може да го прекине карантинот.

 

- Оглас -

Најнови вести