Пола тим на ПСЖ ќе мора да оди во самоизолација?!

Како што стојат работите, половина од стартниот состав на ПСЖ ќе мора да оди во самоизолација поради корона-вирусот. Од претходно се потврди дека Анхел ди Марија и Леандро Паредес се позитивни на ковид-19, кои се заразиле додека биле на одмор.

Двајцата биле на Ибица, а проблем е што не биле сами, туку во друштво на Нејмар, Кејлор Навас, Андер Ерера и Мауро Икарди. За Икарди се сомнева дека е позитивен, додека се чекаат резултати од тестовите на останатите ѕвезди на францускиот првак.

Ова не се добри вести за тренерот Тухел ако се знае дека ПСЖ на 10 август почнува со обврските во новата сезона од Лига 1.

 

- Оглас -

Најнови вести