„Матрикс челинџ“ стана популарен откако Ибрахимовиќ го изведе во својот двор и предизвика неколку спортски ѕвезди да го сторат тоа. Меѓу нив беше и Новак Ѓоковиќ, кој без проблем го прифати предизвикот и со тениско топче проба да го имитира ликот на Нео од најпознатата сцена на филмот „Матрикс“.
Србинот имаше потешкотии да го смири малото топче, но имаше „план Б“ и си извади од џебот резерва. Ѓоковиќ потоа ги предизвика Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе и Богдан Богдановиќ, кошаркарот на Сакраменто.
https://twitter.com/DjokerNole/status/1190225440964788225