Златан како Нео, со топка ја преслика најпознатата сцена од „Матрикс“ (видео)

Златан Ибрахимовиќ, ѕвездата на ЛА галакси, започна иницијатива на нов предизвик кој многу веројатно за брзо време ќе стане популарен на социјалните мрежи. Швеѓанецот објави видео како во забавено движење ја смирува топката на гради, притоа ја пресликува познатата сцена од популарната трилогија „Матрикс“, во која главната улога е Кијану Ривс (Нео), каде што избегнува куршуми наведнувајќи се наназад.

Ибра тоа го стори со топка, а воедно ги предизвика Пол Погба, Новак Ѓоковиќ, Хабиб Нурмагомедов и неговиот агент Мино Рајола да се обидат да го сторат тоа и да го пренесат предизвикот на други познати спортисти.

- Оглас -

Најнови вести