И ова е „кошарка“ – доби удар во меѓуножјето, па танцуваше откако го нокаутираше ривалот (Видео)

На средбата од филипинската кошаркарска лига помеѓу Феникс и ТНТ Катроп, на која немаше резултатска неизвесност бидејќи средбата заврши 114-88, Американецот Теренс Џонс намерно го удри противничкиот кошаркар Калвин Абуева, по што доби жесток реванш.

Џонс со 40 поени и 10 скока беше најзаслужен за победата, но при еден дуел со Абуева нервозно и од лежечка положба го удри противникот во меѓуножјето. Откако Абуева се исправи на нозе, играта продолжи, но во мислите му беше како да му врати на Џонс.

По една утка, Абуева прво го закачи Џонс по лицето, а и тоа не му беше доволно, па одмазднички реши да го нокаутира. Во манир на боксер, го удри Џонс, кој не очекуваше вакво нешто и се најде на паркетот. Но ударот не беше со тупаница, туку со подлактицата.

Џонс како попарен, веднаш скокна во желба да се пресмета со противникот, кој одејќи кон соблекувална задоволно танцуваше.

- Оглас -

Најнови вести