Светскиот првак во лесна категорија во УФЦ, Чарлс Оливеира е првиот Ултимејт фајт борец што загубил титула на мерење, откако беше потежок за 230 грама.
Во лесна категорија може да се борат само натпреварувачи до 70 килограми, а Оливеира на мерењето имаше 230 грама повеќе, пред битката со Џастин Гејчи.
Му беше дозволено за еден час да се обиде да ја симне килажата, односно вишокот од 230 грама, но повторното мерење покажа иста тежина кај светскиот првак и епилогот е интересен.
Оливеира може да се бори со Гејчи, но и да победи ќе остане без титула, па со таков исхид би немало светски првак.
Ако победи Гејчи, тој ќе биде нов светски првак во лесна категорија. Мечот е закажан за 8 мај во четири часот наутро.