И овој викенд спортските настани без публика, а што ќе биде со дуелот Македонија – Косово?

Стадионите и спортските сали во Македонија и овој викенд ќе бидат празни за време на натпреварите, односно препораката ќе се продолжи најмалку до следниот петок, како што порача министерот за здравство Венко Филипче.

Првичната препорака важеше до денес, односно спортските настани требаше да бидат достапни за гледачи викендов, но вратите на стадионите и спортските сали ќе бидат затворени за јавноста до 13 март. Смртоносниот вирус се шири низ Стариот Kонтинент, а забележани се 4.250 случаи на заболени низ Европа, речиси 1000 повеќе од вчера.

ФФМ напоредно ја следи ситуацијата во пресрет на важниот меч на нашата репрезентација против Косово во рамките од полуфиналето во плејофот во Лигата на нациите, кој е закажан за 26 март. Доколку бројката на заболени продолжи да се зголемува, можно е важниот дуел на нашите Рисови да се одржи без поддршка од трибините.

 

- Оглас -

Најнови вести