Пеп Гвардиола знае како е да се освојува Лигата на шампионите, но вечерва доживеа едно од најголемите разочарувања. Неговиот Манчестер сити е елиминиран од Тотенхем поради головите кои лондончани ги постигнаа на гостински терен, но и поради ВАР-технологијата, која го поништи голот на Рахим Стерлинг во 93-тата минута, со кој „граѓаните“ ќе беа полуфиналисти. Погледнете ја таа ситуација.
По завршување на дуелот, Гвардиола покажа дека е вистински господин и на Тотенхем му посака среќа во полуфиналето.
„Да, многу е тешко. Ова е сурово, но мора да го прифатиме. Беше одличен меч. Во второто полувреме направивме тоа што требаше. Дадовме голови за да бидеме во полуфиналето, но му честитам на Тотенхем и му посакувам среќа во полуфиналето. Фудбалот е непредвидлив и, за жал, вечерва не пројдовме понатаму“, рече Гвардиола.