22.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

И покрај сите проблеми, Јувентус покажа зошто е гигант: Го победи Лацио и се пласира во полуфиналето на Купот (Видео)

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус живее тешки моменти. Старата дама беше казнета со 15 бода, а сега ѝ се заканува нова казна и одземање уште на 20 бода од контото во Серија А. Доколку тоа се случи, речиси сигурно Јувентус ќе биде испратен во Серија Б за следната сезона.

И покрај големата неизвесност за случувањата во клубот, фудбалерите на теренот професионално си ги одработуваат задачите, па вечерва на своите навивачи им донесоа голема радост со победата над Лацио во четвртфиналето од Купот на Италија.

Пред крајот на првото полувреме, Бремер со глава успеа да го совлада голманот на Лацио и да донесе голема радост за фановите на трибините.

Во полуфиналето Јувентус ќе има уште еден голем предизвик, а тоа е двомечот против Интер. Во второто полуфинале ќе играат Фиорентина и Кремонезе.

 

- Оглас -

Најнови вести