Украинскиот фудбал, покрај целата држава се соочува со навистина големи проблеми од инвазијата на Русија.
Голем дек од играчите и тренерите добија одврзани раце да потпишат со некој друг клуб доколку тоа то сакаат. Но, голем дел од нив останаа во Украина, а играчите на Динамо Киев, покрај тоа што останаа без капитенот Сергеј Сидорчук кој замина на позајмица, тренираат во Украина.
Тие заедно со младите фудбалери се стационирани во Дробих, град кој се наоѓа на 50 километри од границата со Полска.
„Благодарни сме на властите од овој град кои што ни дозволија да тренираме во овие лоши времиња. Овде условите се најдобри и можеме да останеме во добра физичка кондиција“ изјави генералниот директор на Динамо, Резо Чоконелиѕе.
По 18 кола одиграни, тимот од главниот град на Украина има два бода помалку од големиот ривал, Шахтар.