И повторно статива: За еден гол немаме добитен Полноќен експрес

Повторно бевме многу блиску до добитна комбинација со типстерските предлози на Полноќен експрес. Во вчерашното издание издвоиме пет фудбалски натпревари од бразилската Прва лига и МЛС лигата на САД, кои носеа вкупен коефициент од 27.22.

Предлог-тикетот ќе беше добитен доколку тимот на Сиетл саундерс барем еднаш ја затресеже мрежата на Колорадо во мечот кој заврши со 2-0 за домаќините, а ние го типувавме ГГ3+.

Четирите останати дуели завршија според нашите предвидувања. Торонто славеше на гости кај Синсинати со конечни 1-5, тој меч го типувавме 2 & ГГ, додека Орландо и Лос Анџелес ремизираа со 2-2, а ние се надевавме дека двете екипи ќе дадат барем по еден гол.

И бразилските натпревари ги погодивме точно. Дербито меѓу Интернасионал и Сао Пауло заврши во корист на домаќините со минимални 1-0, обичниот „кец“ носеше квота од 2.40, додека Палмеираш славеше на гостувањето кај Гоијаш со 1-2, токму како што се надевавме дека ќе заврши мечот (X2 & 0-3 гола).

Секој ден околу 19 часот СПОРТМАНИЈА и SPORT LIFE преку Полноќниот експрес нуди предлог-тикет кој нашите редовни обложувачи може да го искористат за добивки, затоа очекувајте и за денес ново издание со нови предлози.

- Оглас -

Најнови вести