И Роналдо е импресиониран од тунелот на стадионот на Локомотив

Стадионот на Локомотив Москва го има можеби најинтересниот тунел во Европа од кој фудбалерите излегуваат на теренот на „РЖД арената“. Дека не е обичен тунелот, се гледа и од изразот на лицето на фудбалерите на Јувентус, кои воодушевено и со насмевки ги гледаа цртежите.

Чувството е како да излегувате од московското метро, бидејќи насекаде има насликано возови и локомотиви. Дури и еден Кристијано Роналдо, кој видел сè во животот, „зјапаше“, зачуден од изгледот на тунелот од соблекувалните до теренот.

Стадионот на Локомотив беше изграден со пари од Министерството за транспорт на Русија, не е многу голем, има помалку од 30.000 седишта и ја има категоријата 4 на УЕФА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести