И Шекил потклекна на Дончиќ-манијата, прозборе словенечки (Видео)

НБА-легендата Шекил О‘Нил, кој работи како аналитичар на една американска телевизија, по изјавата дека не е импресиониран од Словенецот и дека не прави нешто што не е видено, сепак сфати дека битката со „Дончиќ-манијата“ му е загубена, па не му остана ништо друго освен да се обиде да проговори и словенечки.

Шекил ги изненади и ги изнасмеа сите во студиото кога на Лука на англиски му рече: „Лука, Шекил овде. Две работи: прво ‘како се имате‘, а друго…“ – кажа легендата по што Дончиќ само се изнасмеа, а Кени Смит и Чарлс Баркли се чудеа што ли кажа Шекил.

„Лука знае што му кажав, ајде преведи им на колегиве“, се силеше Шекил, кој се обиде да каже реченица на словенечки со помош на опцијата преведувач на Гугл, но изговорот му беше многу лош.

Како Шекил се обиде да каже нешто на словенечки, слушнете на 2,28 минута од клипот кој трае над 8 минути.

https://www.youtube.com/watch?v=Smnw5A9yo4s&feature=emb_title

- Оглас -

Најнови вести