И Сити ќе ја наполни мрежата на прежалениот Саутхемптон

Манчестер сити – Саутхемптон (20:45ч – Лига куп на Англија, осминафинале)

Бранителот на трофејот минатата сезона беше неприкосновен во реализацијата во куп-мечевите против нисколигашите, но и против екипите од англиската елита. Вечерва на Сити му гостува Саутхемптон, тимот кој само пред четири дена прими 9 гола од Лестер, и тоа на домашен терен. Ждрепката за осминафиналната рунда не беше во нивна полза, па се очекува Светците повторно да претрпат дебакл од разиграните Граѓани.

Избраниците на Гвардиола во последните 10 меча постигнаа 31 погодок, така што не треба се доведува во прашање нивната ефикасност. Во нивна полза се и меѓусебните дуели против Саутхемптон. Ги добија последните пет меча, а кога последен пат се сретнаа на „Етихад“, Сити смести шест гола во мрежата на резервниот голман Мекарти.

Иако се очекува шпанскиот стратег да одмори дел од главните играчи и да им даде шанса на помладите, тој од сите нив бара максимално вложување во играта, а тоа подразбира да се „убие“ противникот.

Предлог тип: 5+ (2.65)

 

Евертон – Ватфорд (20:45ч – Лига куп на Англија, осминафинале)

Овие две екипи сезонава веќе ги одмерија силите во рамките на второто коло во ПЛ. Евертон славеше со минимални 1-0 со голот на Бернард постигнат во 10-тата минута. Од тој меч започна серијата порази на Ватфорд, а Стршлените и натаму се неспособни да излезат од амбисот. Затоа Карамелите треба да ја искористат кризата на противникот и да се пласираат во следната рунда од Купот, а воедно и да ја поправат формата бидејќи во претходните четири кола од англискиот шампионат загубија трипати.

Кога играат Евертон и Ватфорд, исходот често е непредвидлив. Во четири од последните шест меѓусебни дуели конечниот резултат беше 1-0, останатите завршија со 3-2 и 2-2. Најчесто победува домаќинот, па затоа се очекува Евертон и вечерва да застане на победничката страна.

Предлог тип: 1X & 1-3 (1.88)

 

Барселона – Валјадолид (21:15ч – Ла лига, 11-то коло)

Барселона ги наполни батериите поради одложеното Ел Класико, па одморените Меси, Суарес и Гриезман не би требало да имаат проблеми да го најдат патот до голот на Валјадолид, иако тимот од „Зорилја“ е непоразен во последните шест нивни меча. Каталонците исто така се во извонредна форма, имаат шест победи во низа во сите натпреварувања и ништо не може да ги спречи да стават уште една црта во таа низа.

Со триумф Барса ќе се врати на челната позиција во Ла Лига, додека Валјадолид лесно може да го загуби осмото место во зависност од исходите на останатите мечеви од ова коло. Едно е сигурно, реми не доаѓа предвид кога се среќаваат овие две екипи – Барса доби 9 од последните 10 дуели, додека Валјадолид ја памети минималната победа од 1-0 од 2014 година.

Предлог тип: 1 Двојна (1.95)

 

Алавес – Атлетико Мадрид (19ч – Ла Лига, 11-то коло)

Поразот од Сосиедад остана како единствено разочарување за Јорганџиите сезонава, а вечерва гостуваат кај екипата од која немаат загубено од 2003 година. Иако Диего Симеоне вечерва нема да смета на повредениот Жоао Феликс, како и на столбот на одбраната, Хименес, останатите треба да одиграат на високо ниво со цел да го одржат темпото со Барса и Реал во трката за шампионската титула.

Шпанскиот вицепрвак веќе два меча по ред нема примено гол, а ако се гледаат меѓусебните дуели против Алавес, тимот од Мадрид успеа да ја сочува мрежата во пет последователни средби, а воедно да оствари четири победи во низа. Алавес не е во добра форма, особено по тешкиот пораз од 1-4 против Вилјареал, а се чини дека и вечерва нивната лоша серија ќе продолжи.

Предлог тип: X2 & 2-3 (2.38)

 

Бреша – Интер (21ч – Серија А, 10-то коло)

Интер не го искористи киксот на Јувентус за да избие на врвот на табелата, па сега еве им нова шанса на Нераѕурите да го сторат тоа, но воедно ќе треба да чекаат уште еден кикс на Старата дама. И треба да се очекува исход во корист на Интер бидејќи Бреша не е во добра форма, загуби три од последните четири меча во Калчолигата.

За дуел на овие две екипи се чекаше речиси осум години, а последниот, кој се одигра во март 2011 година и на кој Бреша беше домаќин, заврши со конечни 1-1. Сепак, составот на Интер е целосно сменет од тогаш, а Конте располага со расни голгетери, Лукаку и Мартинес, кои треба да го уништат противникот вечерва.

Предлог тип: 2 & T22+ (1.87)

- Оглас -

Најнови вести