Германскиот тенисер Александер Зверев има големи забелешки за организаторот на АТП-турнирот во Хале (Германија) бидејќи неговиот меч е закажан во ист термин со натпреварот Германија – Унгарија на Европското првенство.
Според она што се случува на останатите натпревари во Хале, мечот на Зверев и Италијанецот Сонего нема да започне пред 17:55 часот, што значи речиси се преклопува со мечот од континенталниот собир кој започнува во 18 часот.
„Тоа дефинитивно не беше моја желба. Но, не одлучувам јас. Да одлучував, ќе напраев да не е така. Искрено, мислам дека ова не е паметно. Да не сум тенисер, никогаш не би гледал тениски натпревар кога се игра Европско првенство во фудбал“, рече Александер Зверев.