15.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

И тоа е можно: Ниеден француски фудбалер не даде гол, а Франција е веќе е во нокаут фазата

Селекцијата на Франција си обезбеди место во осминафиналето на Европското првенство, а тоа што е раритет е дека ниту еден репрезентативец на Галските петли нема дадено гол.

По првите две кола Франција освои четири бода и расплетот во останатите групи им овозможи да бидат комотни пред денешниот меч против Полска, во третото коло од групната фаза.

Во првото коло, Франција минимално со 1:0 ја победи Австрија, а единствениот погодок всушност беше автогол на Максимилијан Вобер. На тој меч Франција упати дури 14 шута кон противничкиот гол, но ниту еднаш не ја затресе мрежата на ривалот. Најголем дел од тие 14 шутеви беа неопасни, затоа што само три одеа во рамките на голот на Австрија.

Уште поагилни беа Французите во второто коло кога во дербито против Холандија упатија 16 шута кон противничкиот гол, но повторно само три удари беа во рамките на голот. Овојпат не само што Французите не постигнаа гол, туку и противникот не си даде автогол, па на крајот дербито заврши без голови.

Третата шанса Франција да постигне гол на ова ЕП ќе ја има денеска на дуел против Полска.

- Оглас -

Најнови вести