И тоа е Премиер лигата: Судиите во ВАР собата се караат дали е пенал или не (видео)

Лестер стигна до шестата победа во осмиот меч во Премиер лигата, откако на свој терен минимално со 1:0 славеше против Вулверхемптон. Џејми Варди беше стрелец на погодокот вреден три бода и тоа во 15 минута од пенал.

Првиот стрелец во Лестер имаше шанси за втор погодок и тоа во 39 минута, кога беше досуден втор удар од белата точка за Лестер. Сепак, Варди во вториот обид беше непрецизен, а најинтересно од се во оваа ситуација беше реакцијата на судиите, кои во ВАР собата дури и се караа околу тоа дали е пенал или не.

Се појави снимка на која Нил Сварбрик и Стујард Атвел се караат околу тоа каква одлука треба да биде донесена за спорната ситуација. На крајот беше решено да има пенал, но Варди го промаши, што на крајот не се одрази на домаќините кои ги освоија трите бода.

https://twitter.com/i/status/1325453036773322755

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести