Лисиците се омилени кај судиите, 8 кола – 8 пенали за Лестер!

Лестер е нов лидер на табелата во Премиерлигата, откако Лисиците попладнево дома со 1-0 го совладаа Вулверхемптон. Лестер до победата дојде благодарение на прецизно изведениот пенал на Џејми Варди во 15-та минута. Во 39-та, беше покажан уште еден пенал за Лестер, но овојпат шутот на Варди го одбрани Руи Патрисио.

Португалскиот голман има одбрането три од последните шест пенали кои му ги шутнаа. И денеска тој беше со половичен успех, и за нгова несреќа, Волците загубија.

За Лестер сезонава се досудени дури 8 пенали, а поминаа само 8 кола. Во минатата сезона, Манчестер јунајтед кој беше рекордер по број на изведени пенали, својот осми пенал го доби во 16-тото коло.

До крајот на денов, може да дојде и до трета промена на лидерот во Англија. Тоа ќе се случи ако Ливерпул го победи Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести