И тоа се случи: Ѓоковиќ сам себе се тепаше! (Видео)

Новак Ѓоковиќ го продолжува походот кон титулата на Ролан Гарос откако синоќа се пласираше во полуфиналето на гренслемот во Париз. Србинот за првпат на турнирот загуби сет, но на крајот со 3:1 го победи Пабло Карењо Буста.

Најдобриот тенисер во светот посебно проблеми имаше во првиот сет, кога се жалеше на болки во вратот и лактовите. На паузите помеѓу гејмовите Ноле држеше облоги на болните места, а во еден момент покажа чуден метод. Почна да се удира по рацете и телото.

„Не се чувствував добро. Не беше проблем само во вратот, но не сакам детално да објаснувам. Не му препорачувам никому самиот себе да се тепа, но ете, по 15 години кариера мене и тоа ми се случи“, рече Ѓоковиќ по мечот.

Пабло Карењо Буста, кој загуби од Ѓоковиќ, го обвини Србинот дека симулира и дека секогаш кога губи и не му оди најдобро, бара лекарска помош, а потоа продолжува како ништо да не го боли.

 

- Оглас -

Најнови вести