И тоа се случи: Судија во Србија прекина меч поради погрдно скандирање (видео)

Партизан претрпе пораз од 3-2 на гостувањето во Нови Сад кај Војводина во еден луд меч во кој арбитррот Милош Ѓорѓиќ сакаше да ја има главната улога. Судијата го прекина мечот петнаесетина минути по почетокот на второто полувреме, при резултат од 1-1, поради погрдните скандирања од трибините каде што стоеја навивачите на екипата од Белград.

Познатите Гробари го навредуваа домашниот тим со нивната вообичаена навивачка песна која редовно ја пејат кога гостуваат во Нови Сад. „Пола Унгарец, пола усташ“ се слушаше од трибните, по што судијата го прекина мечот. Ниту играчите на Партизан не можеа да ги смират своите навивачи, а и спикерот се обиде да ги смири страстите.

Средбата се продолжи по 13 минути, по што следуваше и долго надополнување. Во 90+9, Матиќ погоди за 2-1, Ивановиќ израмни на 2-2 веќе во следниот напад, но за комплетно „лудило“ на стадионот „Караѓорѓе“, Гајиќ стрелаше за конечни 3-2 во 11-тата минута од надополнувањето.

Сепак, ова не беше единствен испад на Гробарите. Пред почетокот на мечот, десетина навивачи физички се пресметале меѓу себе на патот кон овој натпревар, а во судирот демолирана е една обложувалница, додека речиси сите кои учествувале во овие немили сцени биле повредени.

- Оглас -

Најнови вести