Италијанската финансиска полиција повеќе од една недела истражува дали има неправилно работење во Јувентус.
Тимот од Торино се товари за финансиски малцверзации за трансферите во периодот од 2019 до 212 година, и ако се докаже неправилност на тимот му се заканува сериозно испаѓање во Серија Б.
Иако првично не беше спомнато, се накнадно се истражува и трансферот на Кристијано Роналдо од Јувентус во Манчестер јунајтед кој е првично вреди нешто повеќе од 15 милиони евра.
Италијанската финансиска полиција вчеравечер најави дека ќе има нов упад во канцелариите на Јуве кои се наоѓаат во Торино и Милано, во потрага по нови докази.
Во секој случај ова е јасен знак дека истрагата се продлабочува и дека торинскиот тим е во големи проблеми.
Под истрага се шест личности, меѓу кои Андреа Ањели, Павел Недвед кои се „први“ луѓе во Јувентус, како и поранешниот спортски директор Фабио Патричи, кој сега е во Тотенхем.