Сериозни инциденти имаше во Италија при прославата на европската фудбалска круна, што Аѕурите ја освоија со победа во финалето на „Вембли“ против Англија по подобро изведување на пеналите.
Италија победи со 3:2 во пенал-рулетот и по вторпат стана европски првак, а при огромното славење за титулата што се чекаше од 1968 година има и доста повредени.
Italijani…nadam se da je neko preživeo od sinoć… pic.twitter.com/bK1MfrbJ2L
— Zorka Drnčić (@drncic) July 12, 2021
Италија победи во драматичен меч што траеше над два часа, а откако по регуларниот дел и по продолженијата финалето заврши со резултат 1:1, се шутираа пенали.
За Италија погодија Берарди, Бонучи и Бернардески, а промашија Белоти и Жоржињо, додека на спротивната страна за Англија прецизни беа само Кејн и Мегваер, па утките на Рашфорд, Санчо и Сака го одредија новиот европски шампион.