И во Крушевац им се скисели од пеналите за Црвена ѕвезда: И ние имаме семејства и живееме од фудбалот (Видео)

И во Крушевац им се скисели од начинот на којшто Црвена ѕвезда победува во последно време во Првата српска лига, а реагира тренерот на Напредак, Предраг Роган.

„Црвено-белите“ победија со 1:0 со голот на Марко Марин од пенал во 97-мата минута, а дури и навивачите на шампионот на Србија се срамат од одлуката на судијата Николиќ да покаже на белата точка по дуелот меѓу Миловановиќ и Бен, во кој немаше контакт.

 

„Црвена ѕвезда доминираше и заслужи да победи, но не на ваков начин. Ова ни се случува веќе третпат и мораме да реагираме. Па и ние имаме семејства и живееме од фудбалот. Не е фер вака да загубиме, иако не сакам да спорам дека гостите беа подобри“, изјави Роган.

Црвена ѕвезда имаше голем попуст и три кола претходно, кога ја победи Инџија со два пенали во последните моменти, а вториот повторно беше смешен и досуден за прекршок на два-три метри надвор од шеснаесетникот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести