И во затворот се погрижија Роналдињо достојно да го прослави роденденот (Фото)

Некогаш најдобриот фудбалер во светот Роналдињо, вчера го прослави 40-тиот роденден. Бразилецот засекогаш ќе го памти овој роденден, бидејќи за прв пат во животот славеше во затвор.

Роналдињо веќе 20-тина дена е зад решетки, откако беше фатен како со фалсификуван пасош влезе во Парагвај. Поранешната ѕвезда на Барселона, ПСЖ и Милан, заедно со својот брат беа уапсени и сега се во затвор. Роналдињо е вистинска ѕвезда и во затворот, каде дава и автограми на останатите затвореници. Тој беше и дел од фудбалски турнир на кој неговата екипа го освои првото место и доби печено прасе.

За 40-тиот роденден, Роналдињо доби печено месо, нешто што не го добиваат останатите затвореници за нивните родендени.

- Оглас -

Најнови вести