Роналдињо како да е во хотел, а не во затвор: Бразилецот пие пиво, дели автограми… (Фото)

Додека беше на теренот, од Роналдињо во секој момент можеше да се очекува да направи фудбалско шоу на кое сите ќе се восхитуваат. За негова жал, тоа е само дамнешно минато за Бразилецот, кој моментно е во затвор во Парагвај.

Роналдињо беше фатен како влегува во Парагвај со фалсификуван пасош, поради што заврши зад решетки. Иако е во затвор, Роналдињо делува како воопшто да не е вознемирен. Првата фотографија што се појави од затвореникот Бразилец беше како Роналдињо се смее и не делува загрижено.

Најновите фотогарафии од затворот се како Роналдињо дели автограми на останатите затвореници, пие пиво и делува весело. Едноставно, Бразилецот како воопшто да не е зад решетки.

- Оглас -

Најнови вести