Кошаркарката на евролигашот УСК Прага, Мерит Хемпе, ќе биде нов член на македонската женска репрезентација во продолжението од квалификациите за Евробаскетот 2023.
Искусната Хемпе има 28 години, висока е 193 сантиметри и игра на крилната позиција. Таа доби македонско државјанство и може да игра како натурализирана кошаркарка за нашиот национален тим.
Хемпе по завршувањето на Универзитетот Џорџија, премина во Европа и играше прво за германскиот Кемниц, па за рускиот тим Казаночка, четири сезони беше во Шпанија во АЕ Седис, Ман Филтер, Енсино и Сарагоса.
Сега е во најдобриот чешки женски клуб, УСК Прага. Во нивниот дрес одигра два натпревари, со просек од 13 поени и 5,1 скока.
Хемпе ќе биде дел од нашата најдобра женска селекција за она што следува на крајот на ноември. На 24 ноември гостуваме кај Белгија, а три дена подоцна во Скопје ја пречекуваме Германија.