И Ѕвезда ја почувствува силата на Барса, аплаузи за Миротиќ

Спортската вечер во Белград со гостувања на фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед и кошаркарскиот клуб Барселона заврши ртезултатски неславно за српските тимови.

Во Евролигата во кошарка, Барселона ја оправда фаворитската улога и во второто полувреме го скрши отпорот на првакот на АБА-лигата, кој имаше поддршка од 6.400 фанови. Никола Миротиќ со 21 поен беше прв стрелец на мечот, а родениот подгоричанин доби аплаузи од публиката поради хуманитарната работа во Србија и помошта за некои финансиски загрозени семејства. Победата на Барса беше 73-65. Тренер на Kаталонците е Светислав Пешиќ, некогашниот тренер на Ѕвезда.

Химки со 19 поени и 9 асистенции на Алексеј Швед победи на гости кај Баерн со 87-74, Макаби немаше проблем да запише победа над Валенсија од 76-63, Панатинаикос триумфираше во Санкт Петербург против Зенит со 89-79, а дербито беше во Истанбул, каде што Анадолу Ефес го совлада Реал Мадрид со 76-60. Ова е една од ретките победи на Пиварите, а Реал погоди само 7 шута за два поени, нивен неславен евролигашки рекорд.

- Оглас -

Најнови вести