24.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Иако беше на подиумот во Џеда, Алонсо ќе чека друга шанса да се израдува на јубилејниот 100-ти подиум

Фернандо Алонсо беше казнет со 10 секунди поради неправилно отслужување на една друга казна, па легендарниот возач на крајот го загуби третото место на трката за Големата награда на Саудиска Арабија.

Од казната на Алонсо најмногу профитираше Џорџ Расел кој од четвртото скокна на третото место и се израдува на првиот подиум сезонава. Серхио Перес е победник на денешната трка, пред клупскиот колега Макс Ферстапен.

 

- Оглас -

Најнови вести