Доминација на Ред Бул, но не победи Ферстапен, Алонсо стигна до 100-ти подиум

Серхио Перес е победник на трката за Големата награда на Саудиска Арабија, откако беше најдобар по 50-те извозени кругови на патеката во Џеда. Перес ја имаше пол позицијата и во ниту еден момент не дозволи да биде загрозен од конкурентите.

Актуелниот светски првак Макс Ферстапен кој стартуваше од „опашката“, на крајот успеа да стигне до второто место, со што само ја потврди доминацијата на болидите на Ред Бул. Ферстапен доби бод и за поставен најбрз круг.

Третото место е за некогашниот двократен светски првак Фернандо Алонсо за кого ова е јубилеен 100-ти пласман на подиум на една Ф1 трка.

По првите две трки, во генералниот пласман лидер е Ферстапен со 44 бодови, пред Перес со 43 бодови, додека трет е Алонсо со 30 бодови. По 20 бодови имаат саинц и Хамилтон, а Расел е со 18 бодови.

- Оглас -

Најнови вести