Барселона со 3:2 славеше над Алмерија во меч на кој малку фалеше Илкај Гундоган да биде трагичар за каталонскиот гигант. Фаворитот водеше со 1:0 и 2:1, но гостите не се предаваа и успеваа да израмнат.
Каталонскиот гигант инсистираше да победи и продолжи да напаѓа, а во 78-мата минута еден од најискусните и најдобрите, Гундоган, се најде во одлична ситуација, но не успеа да погоди.
Иако беше само на еден метар од празниот гол, Гундоган не успеа убаво да ја зафати топката со глава и таа наместо во мрежата, заврши покрај голот. За среќа на Гундоган, до крајот на средбата, Барселона преку Серхио Роберто постигна трет гол и стигна до три бода.