Нејмар покажа зошто е еден од најдобрите играчи во светот, откако по пауза од неколку месеци, повторно го облече дресот на Пари Сен Жермен и се покаѓа како клучен играч. Бразилецот го даде единствениот гол за победа на Светците против Стразбург од 1:0. Нејмар погоди во втората минута од судиското надополнување, а голот беше вистинско ремик дело, со ножички.
Иако даде прекрасен гол, Нејмар не се радуваше многу. Тоа е така затоа што навивачите на „Паркот на принцовите“ во поголем дел од мечот му свиреа на Нејмар. Фановите со тоа јасно покажаа дека му се лути на Бразилецот кој летово сакаше да си замине од ПСЖ.
„Сите знаат дека сакав да си одам од ПСЖ. Се обидов на секој начин да си заминам, но клубот не ме пушти. Уште сум играч на ПСЖ и за мене е најважно да бидам среќен на теренот. Немам никаква порака за навивачите, немам ништо против нив. Ги разбирам. Ако сакаат да ми свират, слободно може тоа да го прават. Сепак мислам дека не мора да се фокусираат на мојот случај. Ние сме тим. Ми се чини дека секој нареден меч за мене ќе биде како да играм на гостински терен“, рече Нејмар по победата.
Прекрасниот гол на Нејмар за победа на ПСЖ, може да го видите ТУКА.