Тоа е Нејмар: Фантастични ножички во 90+2 вредни за три бода (видео)

Тренерот на ПСЖ Томас Тухел за првпат сезонава сметаше на услугите на Нејмар, а Бразилецот одговори со победнички погодок во дуелот против Стразбур во финишот од средбата за минимални 1-0. Иако се најде во неколку ситуации да се закани кон голот на гостите, обидите на Нејмар беа неуспешни сè до судиското надополнување, кога по нафрлувањето на Дијало Нејмар без размислување направи акробатски ножички кои го решија мечот.

Бразилецот набрзо потоа уште еднаш ја затресе мрежата на гостите, но голот не беше регуларен поради недозволена позиција.

Навивачите на ПСЖ за првпат го видоа и засилувањето во нападот, Мауро Икарди дебитираше од клупата влегувајќи во 63-тата минута на местот на Чупо-Мотинг, но Аргентинецот не се најде во посериозна прилика за дебитантски гол за новиот клуб.

За ПСЖ ова е трет последователен триумф во оваа сезона и со 12 бода по пет кола засега се лидери во францускиот шампионат, додека Стразбур и натаму трага по првиот триумф, запишувајќи го четвртото реми.

 

- Оглас -

Најнови вести