Иако сè уште не гледа со едното око, Ридигер со едно барање ги крена на нозе сите во Реал Мадрид

Германскиот репрезентативец Антонио Ридигер скапо го плати голот што му го даде на Шахтaр во четвртото коло во Лигата на шампионите, но и покрај повредата, тој ги шокира челниците на Kралскиот клуб.

При постигнувањето на израмнувачкиот гол, Ридигер доби удар од голманот на Шахтaр, Трубин и натпреварот го заврши со голема расекотина, која подоцна резултираше со целосно затворање на десното око.

Иако многумина очекуваа дека Ридигер го очекува подолга пауза, Германецот денеска ги шокира сите со барањето да биде дел од тимот на Реал Мадрид за претстојното Ел Kласико што ќе се игра в недела.

Ваквото барање го крена целиот клуб на нозе и во моментов се бара соодветна маска за да може Ридигер да настапи против Барселона, пишува „Марка“.

- Оглас -

Најнови вести