Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, даде едно интересно интервју за УЕФА, зборуваше за фудбалот и како тоа на 39-годишна взраст игра во животна форма, но говореше и на други теми, и на својствен начин одговараше на прашањата.
„Слушам некои спортисти во САД трошат милион долари годишно за да останат во форма. Јас не трошам ниту еден долар. Тајната не е во парите, туку во главата. Тајната е во менталитетот, а тој е бесплатен“ – вели Швеѓанецот.
Новинарите го прашаа и кој би победил во една тепачка помеѓу Златан и Кинг Конг?
„Јас би го уништил Кинг Конг. Сигурен сум во тоа. Ме споредуваат со лав, но полесно е да скротите лав, отколку да го скротите Златан. Мене не можете да ме скротите, јас сум потполно поинакво животно“ – рече Ибра кој не би му дал на Меси да шутира пенали ако се во ист тим, поточно после три на Златан, би можел Лео да шутне еден, а потоа повторно Ибра наредните три.
Златан призна и дека Џиџи Буфон има поголема шанса од него да биде на фудбалски терен и кога ќе имаат 50 години.
„Тој може само да стои и да брани. Јас треба да трчам, да шутирам, да додавам, да се борам со дефанзивците. Буфон може подолго да биде во фудбалот без да биде во форма, но нема лесно да му се предадам“ – изјави ѕвездата на Милан кого нема да го гледаме на терените до крајот на оваа 2020 година.